Поминав цели 40 години со човекот кој најмногу го сакав. Цели 40 години и тој мене најмногу ме сакаше. Што друго да кажам, освен дека тоа е најголемиот благослов кој некој може да го има во животот – со овие зборови за ,,Фокус” ја започна својата приказна Весна Вучиќ, сопруга на легендарниот музичар, композитор и ТВ водител Драган Вучиќ, кој пред две недели почина поради компликации од корона вирусот.

Фото: Фокус.мк

Веста за смртта на популарниот и како што многумина го нарекуваа, ТВ водител со најдолг стаж пред малите екрани, одекна не само во земјава, туку и во целиот регион. Неверување, шок, пораки со сочувство од страна на целата естрада, на луѓе кои со децении свикнаа да го гледаат во неговите забавни емисии, кои ги сакаа песните кои тој ги отпеа, или пак ги компонираше за свои колеги.

Loading...

На прашањето како започна се, како се одвиваше битката со болеста која го прекина во чекор човекот полн со животен елан и енергија, Весна раскажува дека животот знае да биде непредвидлив, но пред болеста и судбината сите сме исти.

-Така било пишано… Драган имаше благо покачена температура три – четири дена. Со оглед на пандемијата на Ковид 19, решивме дека треба да се тестира, да бидеме на сигурно со дијагнозата. Тестот за жал, беше позитивен. Кога температурата започна да надминува над 38,5 степени, тој беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Во меѓувреме, и јас се тестирав, иако немав симптоми. И мојот тест се покажа позитивен на вирусот.

Ја започнавме нашата битка со новиот и недоволно познат непријател, со вирус кој е доста сериозен и не смее да се потценува неговата моќ. Драган добиваше кислородна поддршка на клиниката, јас престојував дома, се слушавме телефонски, си разменувавме пораки. По една недела на клиника, тој ја изгуби битката, почина од компликации од вирусот. Не можам да зборувам за нашиот последен разговор, за последната СМС порака… Премногу е болно за мене, и јасно ми е дека по првичниот шок, тагата и празнината нема да стивнат.

Сепак, сакам од се срце да се заблагодарам на целиот медицински тим, на таа неверојатна посветеност и грижа која што му беше пружена на мојот сопруг во тој период. Лавовски, буквално гинеа за доброто на пациентите, правеа се што е во нивна можност. Болеста излезе посилна од лекарските напори, Драган ни се излизга помеѓу прстите – вели Весна.

Веста за неговата смрт ја скршила, но поради прописите поврзани со болеста, таа морала да остане дома, во изолација и не присуствуваше на неговиот погреб.

Околу тоа како се инфицирал Драган, таа вели дека никогаш не дознале, бидејќи тој уште од самиот почеток на пандемијата се придржувал до мерките. Носел заштитни ракавици, без маска не излегувал надвор, одел само до пазар или маркет …..

Целата сторија на Фокус.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here