Замијата е растение која има потекло од Африка. Се работи за растение кое достигнува височина од еден метар и кое создава повеќе фиданки во вид на стебленца на кои се наоѓаат парови сјајни, мазни и цврсти зелени листови.

Цвета во периодот од средина на летото до рана есен со необичен цвет (малку наликува на кала) кој се јавува при дното на стеблата.

Loading...

Важно е да се напомене дека замија може да предизвика труење ако се голтне некој дел од растението.

Не бара посебна смеса на земја како што е случај кај останатите сукуленти, и успева во супстрат со повеќе хумус.

На ова растение повеќе му годи помалку светлина отколку повеќе. Најпогодно е кога местото е светло, но благо засенето, а никако на директно сонце. Доколку е на посветло место, листовите ја губат својата темно зелена боја, но тоа не пречи на развојот на растението. Минимална температура која ова растение ја поднесува е
15°C, а најубаво напредува на температури од 18°C – 24°C.

Никако не смееме премногу да ја полеваме бидејќи од вишокот вода нејзиниот ризом лесно скапува и листовите пожолтуваат. Во тој случај треба да се прекине со полевање барем на еден месец и да се отстранат жолтите листови. Да кажеме дека на собна температура доволно е да има едно обилно полевање во месец дена.

Замијата најдобро се размножува со раздвојување на стеблата, при што одвоениот дел малку се засушува за да при полевањето не би скапал и посебно се засадува.

Исто така се размножува и од листови така што листот се става во влажен супстрат и се одржува влажен бидејќи листот брзо се исушува, а во земјата ќе се зачне мал ризом од кој ќе потера ново растение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here